Бајки на нишалки

Бајки на нишалки

290 ден. 220 ден.
Производител: ЕДУКА МАК
Шифра на производ: 75
Достапност: На залиха
Количина:
Оваа книга е наменета за децата и секоја бајка или приказна има цел да го ангажира детето да слуша или да чита, да навлегува во зоната на ликовите со што ќе ги развива фантазијата, јазичните и граматичките вештини, комуникациските и читачките навики од рана возраст. Истовремено, ќе помогне кон подобрување на детскиот речник и ќе влијае врз менталниот и врз социјалниот развој на многу суптилен, но сепак моќен начин.
Книгата ќе им помогне на децата да развијат интерес за читање, разбирање и за логика. Бајките ги телепортираат децата во свет полн со возбудливи пресврти и изненадувања.
Содржината во оваа книга е креативно средство за впивање на моралните вредности кај децата, но и да можат добро да се забавуваат читајќи ги своите омилени приказни. Овие едноставни, но привлечни бајки ќе го научат детето и на вредни животни лекции од реалниот живот и ќе го забавуваат со замислени и фантастични случки. 
Децата уживаат да им се читаат бајки и приказни пред спиење како традиционален начин за да се одморат нивните љубопитни умови, но оваа книга може да се чита во различни периоди од денот. Илустрациите овозможуваат брзо бегство во магичниот свет на имагинацијата кај детето, носејќи го на едно волшебно патување со прекрасните воодушевувачки приказни за принцови и принцези, за птици, инсекти и животни, за овошја и зеленчуци што зборуваат и раскажуваат.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
ЕДУКА МАК Книжарница © 2024. UKION SHOPS