МАГНЕТИ ДИВИ ЖИВОТНИ

МАГНЕТИ ДИВИ ЖИВОТНИ

1.950 MKD1.650 MKD
Производител: ЕДУКА МАК
Шифра на производ: 78
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

Кутијата содржи 24 магнети со илустрации на диви животни од нашите и од далечните краеви, 24 магнети со називите на тие животни на македонски јазик и 24 магнети со називите на тие животни на англиски јазик. 

Комплетите од магнети можат да се користат во наставата и дома, на магнетни табли, но и на фрижидер и на сите феромагнетни површини. Погодни се за правење постери тогаш кога соодветната тема е актуелна, а на тој начин не се зазема голем простор на ѕидот, како што е случајот со класичните постери. Исто така, можат да се користат и за интерактивна работа со децата при класификација, именување на поимите на македонски и на англиски јазик. Многу се погодни за организирање друштвени игри и квизови, затоа што сликите и називите се поголеми од оние кај класичните друштвени игри и можат да се поставуваат вертикално поради магнетот, со тоа што ќе бидат видливи за поголем број деца.

Другите комплети од серијата се изработени на ист или сличен начин и поголемиот број од нив даваат нови можности за користење, особено при класификациите и организирањето на друштвените игри.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
ЕДУКА МАК Книжарница © 2019. UKION SHOPS