Поучни сказни и шарени приказни

Поучни сказни и шарени приказни

480 ден. 400 ден.
Производител: ЕДУКА МАК
Шифра на производ: 160
Достапност: На залиха
Количина:

Приказните имаат магичен начин за пренесување на животни лекции што остануваат со нас за секогаш.

Овие ПЕТ внимателно избрани, едукативни и забавни приказни со морални поуки се совршени за поттикнување на имагинацијата и мудроста кај децата. Тие се моќна алатка што го инспирира детето за живот во вистинска насока, ги обликува неговите мисли додека расте и му помага да се развива во личност. Тие се лесни за разбирање и плетат морални лекции со морални вредности, богати се со воспитни пораки како значајни придобивки за совршено обликување на детските умови.

Илустрациите што се во функција на текстот овозможуваат да се доживее приказната со непроценлива инспиративност, леснотија и привлечност.

Овие приказни ги водат децата кон поистоветување со постапките на ликовите за да го изберат вистинскиот пат во животот и да станат добри, внимателни, позитивни, емпатични и љубезни личности.

Сликовници
Автор Ели Маказлиева

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

ЕДУКА МАК Книжарница © 2025. UKION SHOPS